skip to Main Content

Пронајдени 112 стебла канабис во делчевско (ФОТО)

    11
Пронајдени 112 стебла канабис во делчевско (ФОТО)

Одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност во координација со СВР Штип- Надворешна канцеларија за криминалистички работи Делчево денеска (01.08.2020) во атарот на делчевското село Град, во месноста Суви дол пронајде насад со 112 стебла „Канабис сатива“ во висина од 75 см до три метри.

По насоки на  јавен обвинител од ОЈО Кочани стеблата се подигнати за вештачење, а се преземаат и дополнителни мерки и активности со цел расчистување на случајот.

11

ТАГОВИ: канабис марихуана СВР Штип

Back To Top