skip to Main Content

Пронајдени шест паковки кокаин и панцирни елеци кај скопјанец

    6
Пронајдени шест паковки кокаин и панцирни елеци кај скопјанец

Полицијата уапси дилер на кокаин, во чиј дом се пронајдени и одземени два панцирни елеци и шест паковки кокаин, информира МВР.

-СВР Скопје  Единица за недозволена трговија, до ОЈО Скопје, поднесе кривична пријава против А.А(29) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 10.04.2019, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во дом на улица Лазар Трповски во Скопје каде престојува осомничениот- е наведено во дневниот билтен на МВР.

При претресот биле пронајдени и одземени два панцирни елеци, шест паковки со кокаин и  една дигитална вага со остатоци од кокаин, велат од МВР.

6

ТАГОВИ: кокаин панцирни елеци

Back To Top