skip to Main Content

Проект за заштита од можни злоупотреби на социјалните мрежи

    2
Проект за заштита од можни злоупотреби на социјалните мрежи

Секторот за внатрешни работи Тетово денеска ( 15 април ) започна со практична реализација на превентивно-едукативниот проект „Сурфај, но внимателно споделувај“. Носител на проектот е Отсекот за превенција во соработка со локалните самоуправи од подрачјето.

Од МВР информираат дека со проектот вкупно ќе бидат опфатени околу 3500 седмоодделенци од вкупно 215 паралелки, а кои во 92 основни училишта на тетовско-гостиварското подрачје следат настава на македонски, албански и турски јазик.

Стручно обучени полициски службеници, на посебни часови ќе им објаснат на учениците како и на што треба да внимаваат кога споделуваат лични податоци и фотографии на социјалните мрежи, односно како најефикасно да се заштитат од злоупотреби на нивните податоци, фотографии или снимени видео-клипови.

Учениците, исто така, поблиску ќе бидат запознаени и со законските импликации доколку тие злоупотребуваат лични податоци на други лица.

Проектот е планирано да трае до крајот на идниот месец, а неговата главна цел е учениците да се заштитат од можни злоупотреби на социјалните мрежи.

2

ТАГОВИ: злоупотреба на лични податоци социјални мрежи

Back To Top