skip to Main Content

Продолжува судењето за предметот„Насилство во општина Центар“

    3
Продолжува судењето за предметот„Насилство во општина Центар“

Во Основниот суд Скопје 1 Скопје за денеска е закажано ново рочиште за предметот на СЈО  „Насилство во Општина Центар“. Предметот го води судија Душан Јосифов, а случајот е сè уште во доказна постапка.

За предметот познат во јавноста како „Насилство во општина Центар“, на ден 14.09.2016 година е поднесен обвинителен предлог против 14 лица за кривичното дело „Насилство“ од член 386 од Кривичниот законик на Република Македонија.

За насилствата пред општинската зграда во општина Центар на 10 јуни 2013 година, обвинети се повеќе лица, меѓу кои поранешниот премиер Никола Груевски, екс министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и тогашниот советник во општина Гази Баба Александар Трајковски и уште осум други лица.

Тие се товарат за поттикнување на насилството што се случи при протестите пред Општина Центар во јуни 2013 година.

Во досегашното судење за овој предмет, вина признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петтообвинетиот Јордан Ристевски и добија условни казни. За седмообвинетиот Димче Крстев, пак, се води одвоена постапка.

3

ТАГОВИ: Насилство во Центар судење

Back To Top