skip to Main Content

Продолжуваат судењата кои се итни или застаруваат, останатите да се одложат

    3
Продолжуваат судењата кои се итни или застаруваат, останатите да се одложат

Владата на Република Северна Македонија на вчерашната седница препорача Судскиот совет и Врховниот суд да ја разгледаат можноста за носење на одлука за одложување на судењата, но со неколку исклучоци.

Исклучок би биле предметите кај кои постои потреба од итност на постапување, како што се предмети кои се пред застарување, предмети во кои се изречени мерки притвор или други мерки за обезбедување на присуство, како и предмети во кои сериозно би било нарушено правото на судење во разумен рок, предмети кои се стасани до изрекување пресуда, предмети за кои се одлучува без јавна расправа и сл.

-За предметите за кои би продолжиле судските постапки, како и за сите други активности на судовите потсетуваме дека истите треба да бидат организирани во соодветен простор, со максимална употреба на информатичко-комуникациските средства и со доследно почитување на упатствата на Министерството за здравство за дезинфекција на просториите и заштита на сите вработени и учесниците во постапките- напиша на Фејсбук актуелната министерка за правда Рената Дескоска.

3

ТАГОВИ: Дескоска одложувања судења

Back To Top