skip to Main Content

Продолжен притворот на Боки 13 и Зоран Кичеец

    9
Продолжен притворот на Боки 13 и Зоран Кичеец

Основниот кривичен суд Скопје ја продолжи мерката притвор за уште 30 дена за двајцата осомничени во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милевски – Кичеец, соопштија од судот.

-Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за продолжување на мерката притвор за Б.Ј. и З.М. опфатени во предметот во медиумите познат како „Рекет“, по разгледување и ценење на фактите и доказите донесе решенија со кои го прифати предлогот и ја продолжи мерката притвор за нови 30 дена- соопшти Основниот кривичен суд Скопје.

Двајцата се осомничени за кривичното дело Примање награда за противзаконито влијание, а Боки 13 е осомничен и за кривичното дело Перење пари, беа уапсени на 15 јули по што им беше одреден 30 дневен притвор.

 

9

ТАГОВИ: Боки 13 Кривичен суд притвор

Back To Top