skip to Main Content

Продолжен притворот за ексдиректорот на УБК

    6
Продолжен притворот за ексдиректорот на УБК

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Владимир Атанасовски доби нови 30 дена притвор, потврдија од Кривичниот суд во Скопје. Судот му го продолжи притворот на Атанасовски, кој е осомничен за кривичното дело „здружување заради непријателска дејност” за настаните од 27 април.

– Постои основано сомнение  дека лицето сторило кривично дело Здружување заради непријателска дејност од чл. 324 ст.1  од Кривичниот законик. Надлежен обвинител до судија на претходна постапка достави Предлог за определување на мерка притвор, соопшти своевремено ЈОРМ.

Обвинителството за организиран криминал и корупција побарало притвор врз три основи: опасност од бегство, влијание врз сведоци и опасност од повторување на кривичното дело.

Атанасовски беше посочен од обвинетите за „27 април“ Стефан и Михаил Младеновски и од Захарие Симовски, како еден од организаторите на упадот во Собранието и како нарачател на насилства врз припадници на тогашната опозиција.

Владимир Атанасовски беше назначен за директор на УБК во септември 2016 година по оставката на Сашо Мијалков. На директорското место во тајната полиција остана до јуни 2017 година.

6

ТАГОВИ: Владимир Атанасовски продолжен притвор

Back To Top