skip to Main Content

Продложуваат рочиштата за „Траекторија“ и „Топлик“ на СЈО

    5
Продложуваат рочиштата за „Траекторија“ и „Топлик“ на СЈО

Во Основниот суд Скопје 1 Скопје денеска продолжуваат судењата за „Траекторија“ и „Топлик“ на СЈО.

Во „Траекторија“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски на кого му се суди во отсуство, ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и ексдиректорот на ЈП Државни патишта Љупчо Георгиевски.

Според обвинението на СЈО, обвинетите во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатиштата Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања. Со тоа му нанелe штета на Буџетот од најмалку 155 милиони евра.

Предметот  „Топлик“, каде првоосомничен е ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, се однесува на продажба на државно земјиште за изградба на комплексот „Сончев град“.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Осман Шабани.

 

5

ТАГОВИ: Топлик Траекторија

Back To Top