skip to Main Content

Прифатен предлогот за подобрување на статусот на судиите

    4
Прифатен предлогот за подобрување на статусот на судиите

Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски и претседателите на сите судови во Република Македонија го прифатиле предлогот за спогодба за комплексно подобрување на статусот на судиите во државата, соопштуваат од Врховниот суд.

На средбата, присуствувале и претседателот на Судскиот буџетски совет, Зоран Караџовски и претседателот на Здружението на судиите на Република Македонија, Џемали Саити.

Како што соопшти Врховниот суд, на средбата која се одржа вчера, се разговарало за состојбата со исплатата на додатоци на плати, почнатите судски спорови и се разгледуваа можните алтернативи за подобрување на статусот на судиите во Републиката.

Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија, претседателот на Судски от буџетски совет и претседателот на Здружението на судиите на Република Македонија го презентирале понудениот пак е т мерки од премиерот Зоран Заев, за решавање на проблемите со исплата на додатоци те на плата, но и за севкупниот материјал ен статус на судиите.

-Притоа беа презентирани ставовите на сите судии во Република Македонија, изразени на одржаните колегиуми во секој од судовите поединечно. Од презентираните ставови произлезе дека големо мнозинство на судиите се согласува дека треба да продолжи процесот на преговарање со прифаќање на понудата за подобрување на статусот на судиите во Република Македонија. Како резултат на констатираната состојба беше донесен заклучок дека се прифаќа компромисниот предлог за спогодба за комплексно подобрување на статусот на судиите во Република Македонија- се наведува во соопштението од Врховниот суд.

4

ТАГОВИ: врховен суд статусот на судиите

Back To Top