skip to Main Content

Притворен возачот кој превезуваше 19 мигранти

    4
Притворен возачот кој превезуваше 19 мигранти

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои на основано сомнение дека сторило кривично дело Криумчарење мигранти по член 418-б  став 4 во врска со став 2 од Кривичниот законик.

-Осомничениот управувајќи товарно моторно возило комбе марка Нисан во близина на Струмица, прифатил 14 полнолетни лица-мигранти и пет деца  кои нелегално преминале од Р.Грција. Со намера да ги превезе до Куманово, осомничениот се упатил кон договорената дестинација преку магистралниот пат Штип – Свети Николе. На даден знак за запирање од страна на полициска сообраќајна патрола осомичениот не застанал, туку продолжил да се движи, а полициската патрола го следела- наведуваат од ОЈО.

По изминати неколку километри кај местото „Три чешми“, го запрел возилото, оставајќи ги  мигрантите во него и се дал во бегство. Набргу бил фатен и лишен од слобода.

Со оглед дека се исполнети основите предвидени во член 165 ст.1, 2 и 3 од Законот за кривична постапка, надлежниот обвинител до Судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје достави предлог за определување мерка притвор против осомничениот. Предлог беше прифатен и на осомничениот со Решение му е определена мерка притвор во траење од 30 дена.

4

ТАГОВИ: мигранти ОЈО притвор

Back To Top