skip to Main Content

Прилепчанец осомничен дека одгледувал канабис во дворот на својата викендица

    7
Прилепчанец осомничен дека одгледувал канабис во дворот на својата викендица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице на возраст од 52 години, за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори  од член 215 став 1  од Кривичниот законик.

Постои основано сомнение дека осомничениот неовластено произведувал наркотична дрога – марихуана.

-На неговата парцела во местото викано Кишовица, во близина на Прилеп, тој засадил растенија од видот канабис, за кои секојдневно се грижел и ги одгледувал, наводнувајќи ги стеблата. Откако пораснале, осомничениот ги собирал, ги сушел и ги ситнел деловите од растението. При извршениот претрес на 2 септември, во викенд куќата на остата парцела, полициските службеници пронашле 3 искорнати стебла и 4 гранки од растението канабис кои се сушеле, како и 21,99 грама наркотична дрога марихуана во различни пакувања. Во дворното место на викенд куќата од левата страна биле пронајдени 3 саксии со стебла од канабис, покрај оградниот ѕид уште 3 средно развиени стебла, покрај ѕидот од вињарникот 14 добро развиени стебла од растението, позади оградата од задниот ѕид на викендицата 26  добро развиени стебла, а од десната надворешна страна на викенд куќата покрај оградата биле пронајдени уште 10 добро развиени стебла- наведуваат во соопштение од ОЈО Прилеп.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Прилеп поднесе предлог за определување мерка притвор поради опасност од бегство, можност осомничениот да влијае врз сведоците и да се обиде да ги прикрие доказите, како и можност тој да го повтори кривичното дело. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

7

ТАГОВИ: канабис ОЈО Прилеп

Back To Top