skip to Main Content

Приведен 29-годишен маж од Скопје за убиство во 2017 година

    7
Приведен 29-годишен маж од Скопје за убиство во 2017 година

Полицијата вчера го уапсила убиецот на 24-годишниот Бурим Идризи , кој беше застрелан во 2017 во близина на средното училиште ,,Цветан Димов”, информира МВР.

-На локалниот пат Зелениково-Моране полициски службеници од СВР Скопје го приведоа О.А. (29) од Скопје, кој се бараше за извршено кривично дело „убиство“ извршено на 20.12.2017 на ул. Џон Кенеди, каде пред угостителски објект беше убиен Б.И. (24) од Скопје- соопшти МВР.

Инаку,  Бурим Идризи беше  убиен во  вооружен инцидент во Чаир, поточно на улицата „Џон Кенеди”, пред средното училиште “Цветан Димов”. Убиството се случило околу 18.00 часот, кога првично се слушнало пукање од огнено оружје.

Мотивите на убиството не се познати.

7

ТАГОВИ: приведување убиец

Back To Top