skip to Main Content

Приведен тетовец, прoнајдено оружје кај него

    2
Приведен тетовец, прoнајдено оружје кај него

Врз основа на судска наредба, синоќа во 21 часот, полициски службеници извршиле претрес во дом и помошни простории на улица „Андреја Стојановиќ“  кај Р.Р.(63) од Тетово, кај кого е пронајдена голема количина оружје, информира МВР.

-При претресот биле пронајдени и одземени една автоматска пушка со рамка, 29 куршуми од автоматска пушка калибар 7,62 мм, еден пиштол „Глок“ со една рамка со шест куршуми, 25 куршуми пиштолска муниција калибар 7,62 мм и седум куршуми пиштолска муниција „Магнум 357“- наведува МВР во соопштение.

Р.Р. бил приведен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

2

ТАГОВИ: МВР оружје

Back To Top