Приведен скопјанец, пронајдени дрога и оружје

-На 11.06.2019 година, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес на дом и други простории кај пријавениот А.С. и при претресот биле пронајдени и одземени пиштол „CZ 100“ калибар 9мм, 10 куршуми калибар 9мм, 14 куршуми со калибар 7,62х39mm, кокаин, амфетамини и неколку предмети со остатоци од кокаин- соопшти МВР.
Лицето било лишено од слобода и задржано во полициска станица.