skip to Main Content

Приведен маж од Ваксинце, во негов објект криел 81 мигранти

    3
Приведен маж од Ваксинце, во негов објект криел 81 мигранти

Полицијата утрово во 5 и 15 часот во кумановско Ваксинце пронајде осумдесетина мигранти. Мигрантите биле пренесени во Прифатен центар Табановце, информира МВР.

-На 26.10.2019 околу 05.15 часот бил приведен Н.А. (50) од с.Ваксинце, општина Липково, поради тоа што при претрес во објект во негова сопственост во село Ваксинце, извршен од полициски службеници на СВР Куманово и СВР Тетово во содејство со Единицата за специјални задачи, врз основа на судска наредба и претходни сознанија дека таму има мигранти, пронашле 81 мигранти (од нив 19 се малолетни лица) од земјите од Блискиот Исток- се наведува во соопштението на МВР.

По документирање на случајот, против Н.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежното обвинителство.

3

ТАГОВИ: МВР мигранти

Back To Top