skip to Main Content

Приведен дилер на хероин од Кавадарци

    8
Приведен дилер на хероин од Кавадарци

Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека вчера во Кавадарци, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи во координација со ОВР Кавадарци го лишиле од слобода П.М.(38) од Кавадарци.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициски службеници пронашле и одзеле хероин.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик.

8

ТАГОВИ: Кавадарци хероин

Back To Top