skip to Main Content

Приведен дилер на кокаин и хероин

    4
Приведен дилер на кокаин и хероин

Кривична пријава е поднесена против 33 – годишен маж во чиј дом при претрес пронајдени се хероин и кокаин, информира МВР.

Од Министерството за внатрешни работи денеска информираа дека во неговиот дом вчера се пронајдени стаклена тегла со паковки со бела прашкаста материја, кеса со кафеава прашкаста материја, дигитална вага, пари во вредност од 350 евра и 64.000 денари, телефон и други предмети.

– Од вештачењето е констатирано дека белата прашкаста материја со вкупна нето маса од околу 270 грама е кокаин, кафеавата прашкаста материја со вкупна нето маса од 100 грама е хероин, додека на дигиталната вага се констатирани остатоци од хероин и кокаин- велат од МВР.

Пријавениот Б.С. е евидентиран во крим-евиденцијата како сторител на кривични дела, за што имал и правосилни судски пресуди.

4

ТАГОВИ: дилер МВР

Back To Top