skip to Main Content

Приведено лице на скопскиот аеродром

    3
Приведено лице на скопскиот аеродром

На Граничниот премин Аеродром Скопје, при пасошка контрола е приведено лицето С.Б. од Скопје, кого МВР го гони за стoрено кривично дело „тешка телесна повреда“, информира МВР.

-На 11.02.2019 година во 22.10 часот на Граничен премин Аеродром Скопје, при пасошка контрола, било констатирано дека С.В.(25) од Скопје се наоѓа на листата со мерка „Апси” по Наредба од Основен суд Скопје 1 поради сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ по член 131 став 1 од Кривичниот законик- се наведува во соопштението на МВР.

Лицето било лишено од слобода и предадено на полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар.

3

ТАГОВИ: МВР

Back To Top