skip to Main Content

Приведено лице во Чаир кај кого е пронајдено оружје

    3
Приведено лице во Чаир кај кого е пронајдено оружје

Секторот за внатрешни работи Скопје-Единица за недозволена трговија поднесе кривичнa пријавa против И.К.(27) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ предвидено и казниво по член 396 од КЗ. 

-На 13.08.2019 од страна на полициски службеници на ул. „Џон Кенеди“ во општина Чаир, сопрено било моторно возило управувано од осомничениот. По извршениот  преглед, под седиштето пронајден бил пиштол, празна рамка и празна кутија за муниција- соопшти МВР.

Лицето било лишено од слобода во Полициската станица Бит Пазар, а врз основа на судска наредба, извршен бил претрес во неговиот дом, при што пронајден бил еден револвер 357 Магнум (4,5мм) и шест куршуми  непозната марка и калибар за кои таткото на пријавениот се изјаснил дека биле негова сопственост.

Пронајдените предмети со потврда се одземени за вештачење, наведуваат од МВР.

 

3

ТАГОВИ: МВР оружје приведување

Back To Top