skip to Main Content

Приведени 223 полски навивачи по вчерашните инциденти

    3
Приведени 223 полски навивачи по вчерашните инциденти

Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера се приведени 223 лица по инциденти во Градскиот парк, кога дошло до меѓусебна пресметка помеѓу полските навивачи.

-На 07.06.2019 околу 17,50 часот, пред почетокот на фудбалскиот натпревар во рамки на квалификации за „ЕП 2020“ помеѓу репрезентациите на Република Северна Македонија и Република Полска, во паркот на франкофонијата во Скопје дошло до физичка пресметка меѓу две групи на полски навивачи. Веднаш е интервенирано од страна на полициски службеници и приведени се 223 лица во полициските станици Гази Баба, Кисела Вода, Карпош и Ѓорче Петров за понатамошна постапка- соопштија од МВР.

Против нив се поднесени соодветни поднесоци пред надлежен суд за прекршоци.

3

ТАГОВИ: МВР полски навивачи

Back To Top