skip to Main Content

Приведени штипјаните кои брутално тепаа девојка

    5
Приведени штипјаните кои брутално тепаа девојка

Во врска со видеото кое утрово се споделуваше на социјалните мрежи, техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев информираше дека од страна на Секторот за внатрешни работи Штип се преземени мерки и насилниците се лишени од слобода за понатамошно постапување.

Според информациите од ПС ОН Штип, станува збор за лицата С.А и П.Р.

За конкретниот настан и преземените мерки известено е основното јавно обвинителство. Министерството за внатрешни работи ги презема сите потребни мерки за целосно расчитување на случајот.

Објавувањето и споделувањето на бруталниот видео материјал претставува продолжена виктимизација и понижување на жртвата, затоа Хелсиншкиот комитет апелираше до сите медиуми да се отстрани истото.

5

ТАГОВИ: апсење насилство наќе чулев

Back To Top