skip to Main Content

Приведени седум лица за несреќата кај Ласкарци

    4
Приведени седум лица за несреќата кај Ласкарци

Истрагата на Основното јавно обвинителство Скопје за автобуската несреќа кај Ласкарци во која загинаа 15 лица утврдила дека возењето со брзина над дозволената, како и техничката неисправност на автобусот на „Дурмо Турс“, се главните причини за сообраќајката, поради што ОЈО поведе постапка против седум лица, кои се приведени во полициска станица.

Обвинителот Сашо Рајчев на денешната прес-конференција соопшти дека автобусот се движел со недозволена брзина од 99 километри на час на автопат на кој се дозволени максимални 80 километри на час.

-Поради неприлагодената брзина на патот, возачот изгубил контрола над автобусот, по што преминал во другите ленти и на крајот излетал од патот. Поради техничките проблеми на сопирачките, пак не можел да го запре возилото. Според вештите наоди и мислења, евидентирани се кочења откако автобусот ја преминал заштитната ограда во двете насоки. Но брзината не му овозможила да го сопре автобусот пред да падне – рече Рајчев.

Приведени се седум лица, меѓу кои се сопственикот на компанијата „Дурмо турс“ и возачот на автобусот.

Несреќата се случи на 13 февруари кога автобусот на „Дурмо турс“ со 51 патник излета од патот Тетово-Скопје и падна во провалија откако ја проби заштитната ограда на автопатот. Во несреќата загинаа 15 лица, а 39 беа повредени.

4

ТАГОВИ: Ласкарци

Back To Top