skip to Main Content

Приведени пет лица од Куба кои илегално влегле во државава

    1
Приведени пет лица од Куба кои илегално влегле во државава

Полициски службеници пред село Кременица, битолско, привеле пет лица од Куба кои на илегален начин ја минале границата од Грција и влегле на територија на Македонија, информираат од МВР.

-На 09.11.2019 година во 07.30 часот полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и граничен надзор „Меџитлија“, пред село Кременица, битолско, ги привеле лицата Г.М.А.(44), П.Х.Ј.(26), Х.П.Л.(55), Д.А.Ј.(37) и С.Л.И.(24), сите од Куба, поради тоа што илегално ја преминале државната граница и од Р.Грција влеле во Р.С. Македонија- наведуваат од МВР во дневниот билтен.

Лицата биле предадени на полициски службеници од СВР Битола за понатамошна постапка. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

1

ТАГОВИ: граница куба МВР приведување

Back To Top