skip to Main Content

Откриени седум мигранти, МВР приведе две лица за криумчарење

    2
Откриени седум мигранти, МВР приведе две лица за криумчарење

Во близина на угостителски објект на регионалниот пат Валандово – Струмица, вчера околу девет часот полициски службеници од СВР Струмица пронашле седум лица – мигранти, од кои шест од Сирија и еден од Ирак.

По преземени мерки, полициските службеници, во близина на вештачко езеро во атар на село Белотино, пронашле две патнички возила„ауди А8“, со скопски регистарски ознаки и од слобода ги лишиле Н.Б.(31) и Б.И.(37), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „криумчарење мигранти“.

За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од СВР Струмица. Мигрантите и Н.Б. и Б.И. биле предадени на полициски службеници од РЦ Север за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

2

ТАГОВИ: криумчарење МВР мигранти

Back To Top