skip to Main Content

Приведена 28-годишна девојка со хероин

    5
Приведена 28-годишна девојка со хероин

Час и половина после полноќ во Гостивар е приведена 28-годишна девојка од Битола, кај која е пронајден хероин, информира МВР.

-На 11.09.2019 околу 01.30 часот полициски службеници на СВР Тетово-Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар ја привеле С.В.(28) од Битола. При претрес извршен со судска наредбa на ул.„Илија Антевски-Смок“ во Гостивар, каде престојувала, бил пронајден хероин- информира МВР.

По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.

5

ТАГОВИ: МВР хероин

Back To Top