skip to Main Content

Премиерот Спасовски и министрите кои беа избрани за пратеници ќе ја земаат единствено платата за нивниот ангажман во Владата

    10
Премиерот Спасовски и министрите кои беа избрани за пратеници ќе ја земаат единствено платата за нивниот ангажман во Владата

Во врска со забелешката на Државната комисија за спречување на корупцијата и конфликтот на интереси (ДКСК), дека членови на Владата кои се избрани за пратеници земаат две плати, Владата на Република Северна Македонија информира дека премиерот и министрите кои на последните избори беа избрани за пратеници, ја земат единствено и исклучиво платата за нивниот ангажман во Владата, до моментот на траење на нивниот ангажман во Влада, а не и од Собранието.

Владата на Република Северна Македонија, како и досега, останува на силната поддршка за транспарентно и отчетно работење на сите институции во борбата против корупцијата и спречувањето конфликт на интереси, и ќе ја афирмира секоја дебата во таа насока базирана на факти и аргументи.

10

ТАГОВИ: Влада министри плата

Back To Top