skip to Main Content

Прекршочни пријави против 37 лица за не носење на заштитна маска

    3
Прекршочни пријави против 37 лица за не носење на заштитна маска

Во текот на изминатото деноноќие (17/18.05) по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава 77 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 58 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, сооппти МВР.

Исто така по однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 37 прекршоци.

За последните 24 часа на територијата на Република Северна Македонија на 11 лица им се издадени решенија за изолација, а 27 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

3

ТАГОВИ: заштитна маска МВР прекршоци

Back To Top