skip to Main Content

Предлог-законот за попис на населението оди во Собрание

    4
Предлог-законот за попис на населението оди во Собрание

Владата на РМ денеска на денешната редовна 137-седница го утврди и текстот на Предлог-закон за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија за 2020 година.

Во предлог-текстот на Законот се утврдени методолошките основи на претстојниот попис, како и организациско-техничките специфики на оваа најголема статистичка операција. Имено, овој попис ќе се спроведе со т.н. комбиниран метод, односно користење на податоци од претпописната база на податоци и прибирање на податоци од терен, т.е. лично попишување на сите единици на пописот.

Друга новина во овој попис е користењето на лаптопи наместо хартиени обрасци што во голема мера го забрзува процесот на обработка и објавување на прибраните податоци.

Владата му предложи на Собранието на Република Северна Македонија да го усвои Предлог-законот за попис, 2020, со што ќе се создадат услови за забрзани подготовки на овој долгоочекуван попис на населението, домаќинствата и становите кој, според предвидениот акциски план, треба да се спроведе во периодот од 1 до 21 април 2020 година.

4

ТАГОВИ: владина седница попис на население

Back To Top