skip to Main Content

Предлог-буџетот за 2020 година е реален и е израз за растот на економијата

    2
Предлог-буџетот за 2020 година е реален и е израз за растот на економијата

Предлог-буџетот за 2020 година е реален и е израз за растот на економијата, која е основ за проекција на самиот Буџет, истакна претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев вечерва на националната телевизија пред новинари и уредници од повеќе медиуми, во емисија посветена на буџетот за наредната година, заедно со министерката за финансии Нина Ангеловска.

Посочувајќи дека растот на Буџетот се движи многу логично и реално без разлика дали следи изборна година, премиерот Заев оцени дека тоа е израз на крупните политики, како и на храбрите одлуки и интеграциските процеси во државата кои имаат сериозен импакт на економијата.

Премиерот Заев најави дека и оваа година е економска, за што говори и покачувањето на платите за одредени категории граѓани и оваа 2019 година, како и покачени партиципации за поддршка на домашни и странски инвестиции.

-Завршуваме прво полугодие со 3,6 проценти раст, во година кога имавме и претседателски избори, кога е очекувано да опаѓа растот. Напротив, очекуваме третиот квартал да има подинамично темпо на раст и развој во економијата, очекуваме оптимално ниво за да можеме да направиме една фер распределба на сите буџетски корисници, чинители и сектори во општеството, како што е човечкиот капитал и поддршката кон бизнис секторот. Сето тоа значи повисок економски стандард на нашите граѓани- подвлече премиерот Заев.

Во врска со реалната проекција на Буџетот, министерката за финансии Ангеловска, како и премиерот, посочи дека приходната страна е проектирана земајќи го предвид и благото релаксирање на даночната политика која оди во прилог на приватниот сектор. Министерката додаде дека и покрај тоа што во мирување е ставено прогресивното оданочување, сепак постојат даночни олеснувања и ослободувања воведени со даночната реформа во 2019 година кои остануваат и даваат позитивен придонес.

-Мора да имаме предвид дека покачувањето на минималната плата ќе даде позитивен придонес на прибирањето на приходите. Од друга страна, растот на платите во економијата и од трета страна релаксираната даночна политика, по дефиниција обезбедуваат поголем број на даночни обврзници кои не бараат начини да ги избегнуваат плаќањата на даноците- рече министерката за финансии.

Министерката Ангеловска додавајќи дека Буџетот е ликвиден, истакна дека транспарентното дебатирање и отворање на Буџетот низ дебати, потврдува дека заклучно со септември се остварени 75 проценти реализација на приходната страна што значи дека успешно се прибираат проектираните приходи.

2

ТАГОВИ: буџет Заев мртв нина

Back To Top