skip to Main Content

Преглед на новости од Уставен суд

    5
Преглед на новости од Уставен суд

Уставниот суд на денешната седница го укина членот 4, став 2 од Законот за основање Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос од втор степен.

Овој член предвидува предлог за разрешување на претседател и член на оваа Државна комисија да може да поднесе и Владата на РМ. Судот го укина ова законско решение, затоа што предлог за нивно разрешување може да поднесе Собранието, бидејќи тоа ги избира, а не да бидат разрешени на предлог на Владата.

Судот денеска поведе постапка за уставноста и законитоста на Одлука за донесување на Детален урбанистички план за Градска четврт „305“ меѓу булеварите „Илинден“, „8-ми септември“, „Партизански одреди“ и „Љубљанска“ од скопската општина Карпош, донесен на 5 јануари 2016 година.

Постапката е поведена затоа што на оваа одлука и претходело објавување на стратегиската оценка за влијаење врз животната средина и врз здравјето на луѓето при донесување на Генералниот урбанистички план врз основа на које е изработен ДУП на веб страница. Но стартегиската оценка наместо на веб страница била објавена на огласна табла на општината.

Судот на денешната седница не поведе постапка по иницијативата за оценување на уставноста на член 32, став 4 од Законот за извршување, кој предвидува бројот на извршителите за подрачјето на Основниот суд да го определува министерот за правда врз основа на претходно прибавена согласности од Владата на РМ, од претседателот на Основниот суд, од Нотарската комора на РМ, како и од Комората на извршители на РМ.

5

ТАГОВИ: седница Уставен суд

Back To Top