skip to Main Content

Пратеникот Богоевски се огласи за снимката која проструи во јавноста

    18
Пратеникот Богоевски се огласи за снимката која проструи во јавноста

Пратеникот, Павле Богоевски, потврди дека гласот на снимката, која ја објавија синоќа повеќето медиуми, е негов, но вели дека воопшто не станува збор на наркотична дрога кокаин, туку целиот разговор е изваден од контекст.

-Во овој разговор не нарачувам кокаин. Договарам набавка на масло од канабис. За медицинска употреба, за моја многу блиска личност на која маслото од канабис и помогна таму каде другите лекови не можеа да и помогнат. Тоа го правам веќе неколку месеци и ќе го правам сè додека е потребно- напиша пратеникот Богоевски.

18

ТАГОВИ: Павле Богоевски разговор

Back To Top