skip to Main Content

Правни обуки за студенти и дипломирани правници

    11
Правни обуки за студенти и дипломирани правници

Друштвото за консалтинг и едукација „ЈанакиЗнае“ организира правни обуки и наедно ги поканува сите заинтересирани студенти по право и дипломирани правници да земат учество на истите, со цел едукација и зајакнување на нивните капацитети.

На обуките предавачите неисцрпно ќе го пренесат своето знаење од нивното долгогодишно искуство во правосудството.

Обуката ќе ја држат:

-Доцент д-р Димитар Апасиев кој ќе држи обука на тема „Судска реторика”.

-Адвокат м-р Јанаки Митровски кој ќе држи обука на тема „Основи за жалба”.

Обуките ќе се одржат во просториите на адвокатската канцеларија Јанаки Митровска Бул.„Крсте Мисирков“ број 9/6 Скопје (Позади ТЦ Мавровка) на 11.05.2019 година со почеток од 11.00 часот и ќе траат до 16.00 часот.

Правните обуки се со котизација, цената по личност изнесува 1.350,00 денари со вклучен данок, работен материјал, сертификат, кафе, сок и закуска.

Пријавувањето се врши на pravensovet@gmail.com

11

ТАГОВИ: адвокати правни обуки правници

Back To Top