skip to Main Content

Почина жена која вчера беше прегазена кај „Три Бисери“

    4
Почина жена која вчера беше прегазена кај „Три Бисери“

На булеварот „Јане Сандански“ во Скопје вчера попладне е прегазена жена, на која првично и се констатирани тешки телесни повреди, но за жал повредената подоцна им подлегнала на повредите и починала, информиа МВР.

-На 20.03.2019 околу 14.30 часот на булеварот „Јане Сандански“ во Скопје, возило „Тојота ленд крузер “ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.В.(39) од Скопје, удрило во пешакот Ц.И.(69) од Скопје. Со возило на Итна медицинска помош Ц.И. била пренесена во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, каде и биле констатирани тешки телесни повреди, а во 18.30 часот починала.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција. Се работи на расчистување на случајот.

4

ТАГОВИ: смрт сообраќајка

Back To Top