skip to Main Content

Почина двегодишно дете по удар од автомобил

    7
Почина двегодишно дете по удар од автомобил

Двегодишно девојче почина откако вчера на паркинг на улица „23 Октомври“ во Скопје во неа удрил автомобил „фиат добло“.

Од ударот детето се здобило со тешки телесни повреди и со истото возило било пренесено во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде што му била укажана лекарска помош. Во 15:20 часот детето им подлегнало на повредите.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

7

ТАГОВИ: дете несреќа

Back To Top