skip to Main Content

Потврдена превостепната пресуда за дедото на Тамара

    6
Потврдена превостепната пресуда за дедото на Тамара

Апелацискиот суд Скопје ја потврди седум и пол годишната затворска казна за дедото на малата Тамара, кој пред Министерството за здравство пукаше во поранешниот министер Никола Тодоров, откако во ноември минатата година го врати предметот на почеток.

-Апеалциониот суд – Скопје до Основниот кривичен суд – Скопје ја достави пресудата КЖ. Бр. 259/19 со која во целост ја потврдува првостепната пресуда на кривичниот суд со К.бр. 1989/18 против Љ.С. за кривичното дело Убиство по член 123 ст.1 в.в со чл.19 од КЗ. Станува збор за кривично дело сторено на 01.06.2017 – та година пред Министерството за здравство за што со првостепената пресуда обвинетиот беше огласен за виновен и осуден на казна затвор во траење од 7 години и 6 месеци- наведуваат во соопштението од Кривичниот суд.

Бранител на обвинетиот Љупчо Стојановски е адвокат Павлина Зефиќ, застапник на обвинението е ЈО Софија Ќека-Наумовска, а претседател на совет е судија Софија Лаличиќ.

Стојановски се обиде да пука врз Тодоров на денот кога тој требаше да ја предаде министерката функција на 1 јуни 2017 година.

Малата Тамара Димовска почина пред повеќе од четири години, чекајќи операција на рбетот во странство. Против лекарите сега се води судски процес.

6

ТАГОВИ: дедо тамара затвор

Back To Top