skip to Main Content

После скандалот со Богоевски, ЛДП иницира легализација на марихуаната

    30
После скандалот со Богоевски, ЛДП иницира легализација на марихуаната

Непосредно после скандалот со пратеникот Богоевски, пратеничката Јулијана Николова од Либерално Демократска Партија (ЛДП), најави дека како пратеничка група ќе иницираат Закон за легализација на марихуаната, кој ќе се однесува не само за медицинска, туку и за рекреативна употреба.

Околу автентичноста на снимката која деновиве е тема на сите медуми, Николовска истакна дека се работи за напад на достинството на поединец и дека надлежните институции треба да го решат тоа.

-Во оваа снимка што не е докажана, се надевам дека институциите ќе се занимаваат со тоа, се работи за напад на достинството на поединец, а во 2015 се работеше за цела политичка гарнитура која работеше против интересите на државата и има разлика. Дали пратениот треба да поднесе одговорност, не можам да зборувам во негово име, ќе си каже самиот- рече Николовска.

Пратеничката Николовска за медиумите образложи дека нема поврзаност со настанот за Богоевски и дека на овој проект работеле со месеци во соработка со неколку амбасади и со Здружението „Билка“.

30

ТАГОВИ: ЛДП марихуана

Back To Top