skip to Main Content

Поради кокаин и пари под кривичен прогон две лица

    4
Поради кокаин и пари под кривичен прогон две лица

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.И.(32) од Скопје и З.Р.(35) од село Ростуше, гостиварско.

Лицата се гонат поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци и прекурсори“.

Имено на 10.03.2019 на ул.„212“ во Гостивар, полициски службеници извршиле претрес во дом и помошни простории каде престојувале пријавените, при што пронашле и одзеле кокаин и пари.

4

ТАГОВИ: Гостивар кокаин кривична пријава пари

Back To Top