skip to Main Content

Полицијата одзема ранец полн со марихуана

    4
Полицијата одзема ранец полн со марихуана

Околу 23:10 часот синоќа на регионалниот пат Дебар – Маврови Анови, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Жировница“ ги лишиле од слобода Е.Л.(18) и Е.Ч.(33), двајцата од Република Албанија.

-При преглед на патничко возило „Мерцедес“ со албански национални ознаки, управувано од Е.Л., бил пронајден и одземен ранец со околу два килограми марихуана- соопшти МВР.

Двајцата биле задржани во Полициската станица Гостивар за натамошна постапка.

4

ТАГОВИ: марихуана ранец

Back To Top