skip to Main Content

Под кривичен прогон штипјанец кој пуштил во оптек фалсификувана банкнота

    5
Под кривичен прогон штипјанец кој пуштил во оптек фалсификувана банкнота

СВР Штип поднесе кривична пријава против И.М.(26) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“.

-Во текот на 2019 И.М. набавил фалсификувана банкнота од 50 евра и, иако знаел дека е фалсификувана, на 07.10.2019 ја пуштил во оптек како вистинска во менувачница во Штип, но вработениот при проверка на УВ ламба се посомневал во банкнотата и го пријавил- стои во дневниот билтен на МВР.

5

ТАГОВИ: банкнота пријава фалсификат

Back To Top