skip to Main Content

Под истрага скопјанец кој чувал марихуана во домот на својот дедо

    8
Под истрага скопјанец кој чувал марихуана во домот на својот дедо

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, поради постоење на основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

-Осомничениот 25-годишник од непознато лице набавил наркотична дрога – марихуана со вкупна нето маса од 123 грама која ја чувал во куќата на неговиот дедо. Дрогата ја препакувал во 23  помали полиетиленски паковки со намера неовластено да ја продава. При претресот кај него била пронајдена и дигитална вага со остатоци од наркотична дрога- наведуваат од ОЈО во соопштението наменето за медиумите.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави и Предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

8

ТАГОВИ: марихуана ОЈО

Back To Top