skip to Main Content

Поднесен обвинителен акт против Моника Ристовска

    50
Поднесен обвинителен акт против Моника Ристовска

Основното јавно обвинителство до Основниот суд Куманово поднесе обвинителен акт против активистката Моника Ристовска за сторено кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот Законик.

Осомничената Ристовска, која во моментов е во притвор во затворот Скопје (Шутка) се товари бидејќи кај неа на 11 мај годинава при извршен претрес во нејзиното привремено престојувалиште во Куманово се пронајдени 14,46 грама наркотична дрога марихуана.

Уште истиот ден Моника Ристовска на барање на ОЈО Куманово и беше одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

50

ТАГОВИ: Моника Ристовска обвинителен акт

Back To Top