skip to Main Content

Поднесено обвинение против Јово Вангеловски за злоупотреба на службената должност

    6
Поднесено обвинение против Јово Вангеловски за злоупотреба на службената должност

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен предлог против поранешен претседател на Врховниот суд, кој го сторил кривичното дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

-На 30.11.2018 година во својство на службено лице – претседател на Врховниот суд на Република Македонија, обвинетиот донел поединечни решенија за сите судии на Врховниот суд со кои им го утврдил додатокот на плата за месец ноември во износ од 35 % од основната плата, кој согласно законот им следува за посебни услови за работа, постоење на висок ризик и доверливост- стои во соопштението од ОЈО Скопје.

Притоа, свесно, со намера потешко да и ги повреди правата, обвинетиот не донел Решение за исплата на додаток на плата во износ од 31.839,00 денари за оштетената – судија во Врховниот суд, која во конкретниот период не користела отсуство од работа.

-Обвинетиот постапил спротивно на член 7-б од Законот за платите на судиите и член 7 од Правилникот за додатоци на плата, нивната висина и начинот на утврдување за судиите во Република Македонија донесен од Судскиот совет на Република Северна Македонија, со што го сторил кривичното дело кое му се става на товар- наведуваат оттаму.

6

ТАГОВИ: јово вангеловски обвиние

Back To Top