skip to Main Content

План за обука на ОИК за референдум 2018

    5
План за обука на ОИК за референдум 2018

ДИК изработи План за спроведување на работилница за задолжителна обука на
општинските изборни комисии, за спроведување на референдумот 2018 година.

За спроведување на овие работилници се предвидува агенда поделена во два дела и тоа:

ДЕЛ 1.

Надлежности на ОИК за спроведување на референдумот на државно ниво 2018 година, со следните теми:

Тема 1: Активности на ОИК пред денот на изборите
– Прием и Ракување со изборниот материјал
– Прием на известувања од болни или немоќни лица и лица кои се наоѓаат на
издржување мерка куќен притвор

Тема 2: Активности на денот на изборите
– Обиколка на гласачките места
– Соработка со останатите изборни органи
– Разрешување на член на избирачки одбор
– Собирање на податоци за одзивот на гласачите
– Соработка со гласачите

Тема 3: Активности по завршувањето на гласањето
– Организирање пред приемот на изборниот материјал
– Сумирање на резултатите од гласањето од избирачките места
– Пополнување на записниците
– Пакување на материјалите за доставување до Државната изборна комисија

ДЕЛ 2.

Тема1: Избирачки одбор
– Состав на избирачкиот одбор,
– Активности на избирачкиот одбор ден пред гласањето ( прием на материјалот и
гласање на болни и немоќни лица)
– Активности на избирачкиот одбор на денот на гласањето (постапка за гласање и др.)
– Активности на избирачкиот одбор по завршување на гласањето ( затварање на
гласачкото место, сумирање и утврдување на резултатите и др.)
– Доставување на материјалот до ОИК.

За реализирање на овој дел од работилницата ќе се користи снимен видео материјал за сите активности на избирачките одбори.

Од ДИК информираат дека, учесници на овие работилници ќе бидат Претседател, членови, секретар на ОИК и нивни заменици. На секоја работилница ќе се води евиденција на присутни лица од ОИК.

5

ТАГОВИ: ДИК план за обука

Back To Top