skip to Main Content

Пијан маж се обидел да изврши обљуба врз жена од село Негорци

    3
Пијан маж се обидел да изврши обљуба врз жена од село Негорци

Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе истражна постапка против лице осомничено дека се обидело да стори кривично дело – Силување од член 186 став 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик.

-Осомничениот жител на селото Мелница, општина Чашка, на 12 јануари со употреба на сила се обидел да присили на обљуба една жена од селото Негорци. Откако самиот се довел во состојба на пијанство со 1,66 грам промили алкохол во крвта, тој отишол во домот на оштетената и започнал разговор со неа дека сака да ја земе за жена нејзината ќерка. Оштетената го одбила, по што тој ја нападнал, обидувајќи се да ја соблече и да ја принуди на обљуба. Оштетената се бранела, пробувајќи да го оттурне и да повика помош, но осомничениот ја совладал, удирајќи ја и нанесувајќи и повреди на главата и телото- наведуваат во соопштението од ОЈО.

Повиците за помош на оштетената ги слушнале двајца соседи кои дотрчале и му се заканиле на осомничениот дека ќе повикаат полиција, по што тој избегал.

Осомничениот претходно е осудуван за повеќе кривични дела, меѓу кои и за кривичното дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години, а кое претставува истородно кривично дело со она за кое се гони во конкретниот случај.

Имајќи го предвид тој факт, како и ценејќи ги сите други околности кои упатуваат на стравот дека осомничениот би можел да го повтори или да го доврши обиденото кривично дело, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Гевгелија достави Предлог за определување мерка притвор.

3

ТАГОВИ: кривично дело обљуба силување чех

Back To Top