skip to Main Content

Пешевски и Тимовски бранители на актерката Стојановска

    28
Пешевски и Тимовски бранители на актерката Стојановска

ЈанакиЗнае дознава дека бранители на актерката Силвија Стојановска се скопските адвокати Драган Пешевски и Петар Тимовски кои имаат заедничка адвокатска канцеларија. На познатата македонска актерка вчера и беше одреден домашен притвор како осмничена во учество на шверц со 700 килограми кокаин.

Се обидовме да добиеме изјава од адвокатот Драган Пешевски но, за разлика од вообичаено, тој не беше расположен за разговор. “Во оваа фаза на постапката нема да даваме изјави” кусо одговори Пешевски.

Идентичен одговор добивме и од адвокат Тимовски. Интересно е што за овој случај не сакаат да даваат изјави ниту од Основното јавно обвинителство  за гонење на организиран криминал и корупција.

Адвокатската канцеларија Пешевски&Тимовски постои од 2013 година како заедничка канцеларија која практикува кривично право. Пешевски и Тимовски беа и бранители на дел од обвинетите во случаите “27 Април” и “Банки”.

28

ТАГОВИ: Пешевски Тимовски

Back To Top