skip to Main Content

Петнаесет мигранти откриени во автомобил

    3
Петнаесет мигранти откриени во автомобил

На местото викано „Костурник“, атар на село Речица, кумановско, синоќа полициски службеници го привеле И.А.(21) од с.Арачиново, поради криумчарење мигранти.

-При контрола на патничко моторно возило „рено еспејс“ со струмички регистарски ознаки, кое го управувал И.А., полициски службеници пронашле 15 лица мигранти од Бангладеш- е наведено во дневниот билтен на МВР.

Возачот и мигрантите биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка.

3

ТАГОВИ: Бангладеш мигранти

Back To Top