skip to Main Content

Петгодишно девојче повредено откако возило удри во него, возачот се дал во багство

    5
Петгодишно девојче повредено откако возило удри во него, возачот се дал во багство
Петгодишно девојче од Пробиштип е повредено откако во неа удрило патничко возило марка „пежо“, со непознати регистарски ознаки, по што возачот се дал во бегство, информира МВР.
-На 13.02.2020 во 15.45 часот на ул.„Јаким Стојковски“ во Пробиштип, патничко возило „пежо“, со непознати регистарски ознаки, удрило во петгодишно девојче од Пробиштип, по што го напуштило местото. Во незгодата со повреди се здобило детето и било пренесено во Здравствен дом – Пробиштип за укажување лекарска помош- наведуваат во дневниот билтен од МВР.
Увид на местото извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Пробиштип.
5

ТАГОВИ: пробиштип сообраќајка

Back To Top