skip to Main Content

Отсега македонските адвокати може да полагаат трансферен испит и да работат со титула адвокат во Англија и Велс

    13
Отсега македонските адвокати може да полагаат трансферен испит и да работат со титула адвокат во Англија и Велс

Македонските адвокати отсега може да полагаат трансферен испит и да работат со титула адвокат во Англија и Велс, објави утрово на својот фејсбук профил министерот за правда Бојан Маричиќ.

Маричиќ посочува дека досега, како македонски адвокат не постоеја никакви можности да се работи како адвокат (solicitor) во Велика Британија.

-По иницијатива на македонски адвокати од Брисел упатена преку Адвокатската комора на Северна Македонија до адвокатската комора на Англија, македонските адвокати може да се квалификуваат за адвокат по скратена постапка и само со трансферен испит. Повеќе информации може да се добијат во Адвокатската комора на Северна Македонија, како и Комората на Англија и Велс. Благодарност до Александар Ивановски, Ирина Тричковска и Адвокатската комора на Северна Македонија, напиша на ФБ министерот Маричиќ.

Добро утро,Отсега македонските адвокати, може да полагаат трансферен испит и да работат со титула адвокат во Англија и…

Posted by Bojan Maricik on Thursday, 3 September 2020

13

ТАГОВИ: адвокатура актуелно англија Бојан Маричиќ велс

Back To Top