skip to Main Content

Откриени 15 мигранти од Египет кај село Лојане

    2
Откриени 15 мигранти од Египет кај село Лојане

Петнаесет мигранти од Египет се пронајдени синоќа пред влезот на село Лојане, општина Липково.

Како што соопшти МВР, во 22:10 часот на местото викано „Обиколница Костурник” , во близина на граничниот премин „Табановце”, полициски службеници дале знак за запирање на две патнички возила, „мерцедес” и „ауди”, но тие не застанале и веднаш се преземени мерки за нивно пронаоѓање.

При пребарување на реонот, пред влезот на Лојане ги пронашле мигрантите кои потоа се пренесени во Прифатниот центар Табановце.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

2

ТАГОВИ: криумчарење мигранти

Back To Top