skip to Main Content

Откриени 100 килограми марихуана во камион (Фото+Видео)

    3
Откриени 100 килограми марихуана во камион (Фото+Видео)

На Граничниот премин „Табановце“, синоќа десет минути после полноќ по добиени оперативни сознанија, било запрено товарно моторно возило „даф“, со бугарски национални ознаки, со приколка „тирсан“, кое го управувал М.К.(66) од Јосифово, валандовско.

-Во камионот се пронајдени 90 пакувања наркотична дрога марихуана со тежина од над 100 килограми, еден пиштол „MAUSER“ калибар 7,65 мм, една рамка за пиштол со шест куршуми калибар 7,65 мм и еден пригушувач за пиштол- соопштува МВР.

Одделот за криминалистичка полиција – Секторот за недозволена трговија со дроги, оружје и опасни материи – Единицата за недозволена трговија со дроги во кооординација со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, СВР Куманово, во содејство со царински службеници извршиле претрес на возилото, при што во дополнителен резервоар биле пронајдени 90 пакувања наркотична дрога марихуана со тежина од над 100 килограми, еден пиштол „MAUSER“ калибар 7,65 мм, една рамка за пиштол со шест куршуми калибар 7,65 мм и еден пригушувач за пиштол.

Лицето било приведено и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

3

ТАГОВИ: камион марихуана приведување

Back To Top